Белчишкото блато ќе добие заштита на национално ниво

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа презентација на нацрт-планот за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој) со претставници од општина Дебарца и локални чинители.

Презентацијата се одржа вчера , во просториите на општина Белчишта и беше отворена од претставник од општината и модерирана од координаторот Ѓоко Зороски. Нацрт-планот го презентираше експерт по природа, во кој се предвидуваат низа конкретни мерки со временски рокови за блатото што поскоро да добие законски режим на заштита на национално ниво.

Според планот, во најприоритетните мерки се вбројуваат: изработка на студија за валоризација на природни вредонсти на локалитетот, запирање на мелиоративните активности и зафати кои придонесуваат за пресушување на блатото, контрола на нелегалниот риболов и криволовството, воспоставување на совет на засегнати страни
Инаку од неодамна поставени се две информативни табли со податоци за блатото кои се бидат лоцирани на патот Охрид-Кичево во с. Ботун и пред општинската зграда во с. Белчишта.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани