Соработката на Црвен крст Охрид со Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА во Охрид во делот на здравствено-превентивната дејност продолжува и оваа година.
Овој пат се посветуваме на ендокринологијата и дилемите и проблемите кои постојат кај општата популација, децата и младите, поврзани со вишок на килограми, дисбаланс на метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, тегоби со штитната жлезда и друго.
За сите овие теми нашите сограѓани ќе можат да се информираат и едуцираат од страна на Д-р Џулиана Михајловска, специјалист по ендокринологија од тимот на Жан Митрев Клиника, Скопје, на настанот што ќе се реализира утре, сабота, 01.02.2025 г. во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 11 часот.
Присутните на овој настан ќе имаат можност и за закажување на индивидуална средба и бесплатна консултација за евентуални симптоми, тегоби и здравствени проблеми поврзани со темите, со Д-р Михајловска, истиот ден, во просториите на Канцеларијата на Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, која се наоѓа на ул. 7-Ми Ноември бр. 27, 1/1 во Охрид.
Не ја пропуштајте и оваа можност во грижа за своето здравје.
