Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува КОНКУРС за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик.
Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2018 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик.
Услови за доделување бесплатен курс
Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работa, a за курсот за полски јазик можат да се пријават и лица вработени во туристичкиот сектор со оглед на зголемениот број на туристи од Полска.
Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.