Куратица, Косел, Пештани и Љубаништа без струја

Снежното невреме го отсече електричното напојување и кон селата Куратица, Косел, Ливоишта, Пештани и Љубаништа.

 

Патиштата  за селата  Куратица, Речица и Свињишта се чисти, но најголем проблем е електричното напојување.

-„Наврнаа 40 сантиметри снег. Имаше огромни штети. Испаѓани и искршени дрја и бандери, но фирмата ангажирана од локалната власт ги отвори патиштата за сообрќај. Ние сме револтирани на ЕВН од сниноќа немаме струја. Илјадници пати се обидуваме да стапиме во контакт со ЕВН но постојано добиваме сигнал – оператоот е зафатен“, вели за Охриднет Горан Ангелоски претседател на МЗ Куратица. 

 

Social profiles