Бесправните градби во струшко никако да запрат

И покрај бројните кривични пријави, во струшко незапирливо бесправно се гради. Полицијата и денес поднесе кривични пријави за бесправно градење.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта.

Пријавениот С.И. нелегално односно без одобрение, на катарстарска парцела 595 во селото Подгорци  започнал со градба на ограда  со должина од 6,90 метри  и висина од 0,35 метри. Второпријавениот А.Е. со нелегална градба отпочнал на катарстарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55м +24м, а во површина од 1281 метри квадратни.

Од страна на градежна инспекција при Општина Струга донесено е решение  за  отстранување на нелегалните градби.  

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани