Безбеден град“: Камерите се тестираат на делницата Охрид–Кичево

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“, ќе спроведе активности за тестирање, калибрација и верификација на уредите за сообраќаен надзор поставени на подрачјето на Охрид.

Активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на делницата Ботун – Ново Село, во општина Дебрца.

Тестирањето ќе започне во 12 часот, а на секоја локација постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.

Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно и непречено спроведување на планираните активности.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани