Бојан од Пештани меѓу наградените за светскиот ден на штедењето

Младо момче од Пештани е меѓу наградените од конкурсот по повод светскиот ден на штедењето.

Бојан Палоски ученик во V-то одделение при Основното училиште „Св. Наум Охридски“ од Пештани е меѓу добитниците на награди од конкурсот по повод 31 октомври-светскиот ден на штедењето во организација на Министерство за финансии, НБРМ и АСО.На конкурсот биле добиени преку 780 ликовни и литературни творби од ученици од целата земја.Бојан Палоски е награден за неговата ликовна творба на тема „И јас умема да штедам“ заедно со Христијан Кочовски VIII-а ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола,Анабела Смилева III-б ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Велес, Надица Кочовска IV-1 ОСЕУ „8-ми Септември“ – Тетово, Софронија Шарламанов III-4 ОСУ „Јане Сандански“ – Струмица, Милена Аврамовска I-8 СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје. Јавното доделување на наградите ќе биде на 6 ноември во 12 часот во Министерството за финансии во Скопје.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани