Бројни културни настани и манифестации остават свој печат на летната сезона 2025. Заврши Вино фестот, но следуваат Охридски поетски бисер, На зајдисонце во Трпејца, Поетска ноќ на Велестово. Во ек е манифестацијата Културата расте со децата. Сите овие културни збиднувања ја збогатуваат туристичката понуда и го афирмираат градот Охрид. Настаните се спој на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност, но и одраз и промоција на културата.
– Останатите следни настани очекуваме дека уште повеќе ќе донесат туристи. Настаните кои следуваатс е сите дел од програмата за култура на општина Охрид ние имаме доста богата програма. Општината на прво место овие години ја вреднува културата бидејки таа е промоција и на самиот град, туризмот и на спортот и образованието исите други сфери, вели Перчо Божиноски претседател на Советот на општина Охрид.
Културолошката иницијатива 5 до 12ч ја збогати забавната сцена со повеќе настани, киното со автомобили, кафе на изгрејсонце и најголемиот настан староградската пловидба „Ој љубов љубов“ .
– Нашата летна програма почна и заврши овие денови. Започнавме со дводеневен настан посветен на скејт културата, потоа кино со автомобили проекции три денови меѓу кои го имавме и првиот македонски хорор и долгометражен филм. Потоа јубилејна изложба, поетско читање и музички настап. Кафето на изгрејсонце е традиционално, и завршивме со сабота со настанот староградската пловидба, вели Леа Новеска од Културолошката иницијатива 5 до 12ч.
Оваа година манифестацијата Културата расте со децата посветена на најмладите ќе трае од април до крај на годинава.
– Проектот е конципиран така што секој петок да има соодветен настан за деца. Ученсиците самис е пријавуваат заеднички бараме место, време , локација завиосно од културната содржина. Некогаш се одвива и во работните, денови. Настаните ќе се одржуваат на сцената кај ТЦ Амам сите настани односно актерите, учесниците, времето се објавени на фејсбук страната и сите заинтересирани може да погледнат подетални информации за самиот настан, вели Весна Јовановска раководител на Сектор за култура.
Во полн ек е најголемата културно сценска манифестација Охридско лето, што во текот на 40 те фестивалски денови ке донесе голем број туристи.
Културните манифестации го промовираат не само Охрид, туку и помалите туристички места, ова лето традиционално ќе се одржи На зајдисонце во Трпејца и Културно лето во Пештани.
