Струшките активисти го вратија името на великанот Кузман Јосифоски Питу. На спомен бистата во срцето на Струга беше комплетно оштетено името на народниот херој. Вредните ативисти од Струга самоиницијативно го вратија сјајот на спомен обележјето.


Кога општинските власти не преземаат мерки, грижата за спомениците од историјата е препуштена на активистите.
Претходно група активисти од Струга го санираа и оштетениот дрвен мост, кој беше опасен за минувачите.

