Централниот регистар и во сабота ќе прима годишни сметки

Како што соопшти Централниот регистар, граѓаните и во сабота 24 месецов, ќе можат да ги пријавуваат годишните сметки и финансиските извештаи.

Во понеделник, вторник и среда, Централниот регистар ќе работи продолжено до 21 часот, освен во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево, каде работното време ќе биде 16 часот.
Централниот регистар соопшти дека и во сабота на 24-ти февруари од 8 до 16 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017-та година во сите градови, освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар.Микро и малите субјекти кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15-ти март годинава, соопшти Централниот регистар.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани