Четвртооделенците во посета на општина Вевчани.
-Во посета на општина Вевчани ни беа учениците од IV одделение при нашето основно училиште. Разговаравме за надлежностите, правата и обврските на градоначалникот и општинската администрација.
Како жители на Општина Вевчани иако се доста млади, си го искористија своето право и ми поставија доста интересни прашања, дадоа и некои предлози поврзани со екологијата, здравата животна средина, културата, спортот, образованието со цел да помогнат во решавањето на проблемите, информира градоначалникот Спасе Кочоски.