Голем број охриѓани ја покажаа својата хуманост донирајќи во собирните каси на Црвен крст Охрид, на денешниот хуманитарен настан за помош на Јана кој во организација на Црвен крст Охрид и Oriflame се одржа на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.
За возврат, дел од нив од тимот на Oriflame добија тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција, а дел се забавуваа со волонтерите на Црвен крст со добра музика и конзумирање на производите на Рондо трејд, сокови, кафе, топло чоколадо и друго.
Оваа хуманитарна акција со истите содржини продолжува и утре, сабота, од 11-16 часот на Градскиот плоштад во Охрид.
.jpg)
Не пропуштајте ја можноста за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и др., но и да ги вкусите напитоците од фирмата Рондо трејд и воедно ја изразите својата хуманост. Средствата собрани од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.
.jpg)
