Црвен крст Охрид ќе нуди бесплатно психолошко советување

Општинската организација на Црвениот крст Охрид, во рамки на своите здравствено-превентивни активности, од 13 март 2026 година започнува со бесплатно психолошко советување за граѓаните.

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвениот крст Охрид секој петок, во периодот од 9 до 12 часот, со претходно закажување на термин.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават на телефонскиот број 070 729 615, а советувањето ќе го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.

Гешталт терапијата претставува научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија, чија основна цел е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент.

Бесплатното психолошко советување Црвениот крст Охрид го организира во соработка со „Анима“ – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани