Дали Владата ќе ја покрие финансиската „дупка“ во општините?

Владата размислува да им помогне на општините да ја затворат финансиската „дупка“ во која тонат со години.

Иако дел од градоначалниците тврдат дека добиле ветување од премиерот Заев за позајмица од централно на локално ниво во износ од 250 милиони евра, од Владата тврдат дека конечна одлука сè уште не е донесена.
„Во Владата постои размислување на ниво на идеја да им се помогне на општините кои се во финансиски долгови. Но, во моментов станува збор за фаза на почетна анализа со цел да се утврдат состојбите, вклучително и сумата и сите други аспекти на наследената ситуација.“ – велат од Влада на РМ. Според ревизорските извештаи, долгот на 80-тте општини и Градот Скопје на крајот на 2016 година изнесувал вкупно 81,8 милиони евра.Според последните податоци, во текот на 2017 година блокирани сметки имале 16 општини. Главна причина за лошата финансиска слика во локалните самоуправи е лошото планирање на буџетите.Општините, на годишно ниво успеваат да приберат од 60 до 65 отсто од планираните приходи.
Неодамна, охридскиот градоначалникот Јован Стојаноски, не обелодени колкав е долгот на општината. Тој рече дека се знае точно колку општината должи, но дека сега не е вистински момент за да се каже тој податок бидејќи во тек се преговорите со доверителите за опростување на дел од долгот или на дел од каматите.Тој нагласи дека наскоро, администрацијата, согласно определбата за транспарентно и отчетно работење ќе презентира многу аспекти за проблемот околу долгот.Градоначалникот посебно го нагласи недомаќинското работење низ минатото и посочи дека дневно како општина губиме по 10 000 евра.Толку растат долговите на општината или претворено во број на вработувања секојдневно губиме по две вработувања во рамките на општината, кажа Стојаноски.Додава дека покрај финансискиот долг проблем на општината преставуваат и материјалните долгови. Градоначалникот побара поддршка и разбирање од страна на граѓаните во решавањето на проблемот со наследениот долг и кажа дека заедно со службите во општината сериозно се зафатени за решавање на овој децениски проблем.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани