Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со делегацијата од градот Белград, предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ.
На средбата присуствуваше и Почесниот конзул на Р. Србија со седиште во Охрид, Михајло Филев.
-Разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во повеќе области. Српските гости традиционално се меѓу најбројните во текот на летната сезона па затоа посебен акцент во разговорот ставивме на туризмот и за промоција на Охрид во Белград.
Изразив благодарност што делегацијата од Белград беше присутна на чествувањата по повод Св. Климент Охридски – Патрон на градот, информираат од општина Охрид.


