Регионот засилено се подготвува за заштита од новата маларична болест Пипиар , чума кај малите преживари. Во земјава засега не е регистриран ниеден случај, но болеста ја има во Романија и соседна Грција, а со тоа голема е опасноста за нејзино проширување.
Институциите се подготвуваат, се преземаат мерки за превенција, засилен граничен надзор и забрана на увоз на животни.
-Има опасност , но преземаме санкции договорени сме со ЗЕЛС разговаравме неопходна ни е помош бидејќи ако се прошири болеста таа не е штетна по здравјето на лиѓето но е штетна по овците и козите. , вели Оливер директор на Агенција за храна и ветеринарство.
– „ Во случајот на пипиар граничната контрола е важен фактор и веќе сите земји во ЕУ каде се појави болеста имаат строги емрки кои вклучуваат и забрана за движење на животните од тие региони“, вели Тони Киранџиски тим лидер на регионалниот проект за конторла на заразни болести на Западен Балкан.
Во соседна Грција поради чумата уништени 16 800 грла Под закана во земјава се 487 илјади овци и кози , последиците и штетите врз сточарството ќе бидат големи.
-Ваков тип на болести дополнително драстично ќе го одвратат оние луѓе кои се уште се волни да чуваат стока Доколку се појави и се уништат животни после тоа тешко се враќаат да го возобноват“, вели Игор Џаџоски професор на ветеринарен факултет.
Состојбата со африканската свинска чума,која се појави во 2022 година во земјуава моментално е стабилна, нема нови жаришта, досега угинаа околу 10 000 свињи.
Новинар Соња Рилковска