Денеска осврт на Гувернерот на Централната банка на Белгија

Гувернерот на Централната банка на Белгија денеска ќе зборува на Годишната конференција на НБРМ.

Во рамките на Годишната конференција што во организација на Народната банка на РМ се одржува во Охрид, денеска воведно предавање ќе има гувернерот на Централната банка на Белгија. Гувернерот кој ќе даде личен осврт по тема на собирот – „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Во претпладневниот дел, предвидени се и две панел-дискусии, првата на гувернерите на централните банки од Македонија, Белгија, Хрватска, Албанија и на Косово кои ќе зборуваат за новиот глобален циклус и нормализирањето на монетарната политика.Втората панел-дискусија е всушност излагања на регионалниот резидентен претставник на ММФ за Централна и Источна Европа, директорот на Здружениот институт од Виена и вицегувернерот од Банката на Словенија, на тема „Капиталните текови – изгледите и ризиците на регионот“.По завршување на двете панел дискусии, напладне се предвидени изјави на гувернерот на НБРМ Димитар Богов, неговите колеги од Белгија и Хрватска, Јан Сметс и Борис Вујичиќ, Петер Санфеј од Европската банка за обнова и развој, Бас Бекер од ММФ, како и Томас Ричардсон од „Заедничкиот Виена институт“.
Инаку, на конференцијата учествуваат претставници на централните банки на држави од ЕУ и пошироко, на Европската централна банка, на финансиски и државни институции и професори на академски институции од повеќе држави.Со конференцијата се одбележува годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани