Денеска се делат стартните пакети за „ Охрид трчаТ“

Денеска од 15 часот до 20 часот, во домот на култура „Григор Прличев“, ќе се делат стартните пакети каде ќе биде стартниот број со електронски чип за големата спортска атлетска манифестација „Охрид трчаТ“.

Овој настан годинава за прв пат се организира од страна на Асоцијација „Спорт за сите сите за спорт“ а главната трка ќе се одржи утре 4-ти јуни.
Утре во 9 часот, на еден час пред почетокот на главната трка,ќе има дел на загревање, односно аеробик кој ќе го водат три инструктори, па потоа учесниците се упатуваат на стартната позиција за трката која ќе започне во 10 часот.

Според Иван Цветкоски од Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ-СИТЕ ЗА СПОРТ, првиот од учесниците на 10 километарската трка се очекува на целта за половина час, првиот на 5 километри за 20 минути.
-Охрид трчаТ“ викенд 2017, како спортско – социјален настан ќе придонесе кон издигнување на квалитетот на понудата на Охрид и Македонија, нешто што ни е повеќе од потреба. Асоцијацијата на спортови имајќи ја одговорноста и почитта кон атлетската охридска традиција, пристапи амбициозно во организирање на овој настан, се со цел заеднички да создадеме квалитетен производ со кој ќе се гордееме сите ние, на задоволство на сите наши сегашни и идни генерации, соопштува Цветкоски. Додава дека на трката ќе има неколку дисциплини : Главна трка на 10000 метри , рекреативна трка на 5000 метри, бизнис тим билдинг трка на 5000 метри, школска трка на 1000 метри, детска – бебе трка на 200 метри, семејна тимска трка на 200 метри и трка за лица со попреченост на 100 метри. Учество може да земат професионални атлетичари, рекреативци, ученици од основно и средно образование, разни спортско социјални групи, деца од градинка, бизнис компании и институции а активностите започнаа со трката за основците од градов каде беа вклучени над 300 ученици.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани