Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 септември, сабота, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството им го честита Денот на независноста на граѓаните.
Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември и ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
