Десет денови се води битка со огнената стихија на Галичица. Три дена немаше интервенција од воздух, па пожарот се прошири на три фронта на македонска територија. Пламените јазици навлегоа во шумата над Стење,но гори и над селото Љубаништа. Дополнително експлозиите на гранати од Првата светска војна ја влошуваат состојбата и го прават пожарот уште потежок за локализирање.
Од противпожарната единица од Охрид, денес дејствуваат над село Љубаништа, велат се прават појаси да се спречи ширењето на огнот, засега нема опасност по куќите во селата. Пожарот е високо во планината на Стара Галичица на надморска всочина од 2000 метри.
Екипите деноноќно се мобилизирани, се вложуваат натчовечки напори за стабилизирање на состојбата. Од денес повторно во акцијата се вклучени хеликоптери и ер трактори.
-„Воздухопловните сили на Министерството за внатрешни работи кои во повеќе наврати со десант и со вода не носат таму бидејки се работи за доста непристапен терен од 2,5 часа пешачење навистина е непристапен терен стара Галичица. И денес имаме екипи на спасителната единица и НП, имаме присуство на ТППЕ Охрид и Ресен, доброволци, вработени во НП, постојано сме таму месно население од охридско преспанскиот дел, паркот Езерани и секој кој на секој начин може да помогне“, вели Ѓуро Јовчески
Колкави се штетите и колкава површина од шумската вегетација во НП Галичица пеплосаа пожарите дополнително ќе се утврдува.