Седумдесет експлозивни детонаторски каписли со кои е можно активирање на секундарни експлозиви, пронајде охридската полиција при претрес во домот на 59 годишен охриѓанец. Тој заработил кривична пријава.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, криминалистичката полиција при СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (59) од Охрид.
-При извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени седумдест иницијални каписли што сега пријавениот неовластено ги поседувал. По извршено вештачење со анализа на експлозивни средства во Министерството за внатрешни работи во Скопје, утврдено е дека тие претставуваат детонаторски каписли, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
