Девет лица од Скопје уапсени со 23 пакувања бела праѓкаста материја

На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода седум полнолетни лива  и двајца малолетници, сите од Скопје.

-При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани