Дежурните екипи на „Охридски Комуналец“ ги уредија излетничките места

Дежурните екипи на Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжуваат со интензивни активности за одржување на јавната чистота и уредување на зелените површини во градот и околината, со цел создавање почиста и поуредена животна средина.

Екипите задолжени за одржување на јавното зеленило и јавната чистота секојдневно се распоредуваат на повеќе локации во централното градско подрачје, периферните делови на градот и приградските населби.

Во рамки на активностите се врши косење на тревни површини, уредување на дрвореди, како и отстранување на ниска и дива вегетација од тротоари, коловози и пешачки патеки.

Покрај редовните активности во центарот на градот, посебен акцент е ставен и на расчистување на расфрлан комунален отпад на патниот правец кон село Велестово, косење на зелениот појас кон населба Свети Стефан, како и во населените места Пештани и Велгошти.

Дополнително, се врши уредување на делот кај мостот во село Велгошти со цел зголемување на прегледноста во сообраќајот, како и тековно одржување на шумските патеки во Стар Град и други локации.

Од јавното претпријатие информираат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, во зависност од потребите на теренот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани