Јавното претпијатие за стопанисување со станбен и деловен простор подружница Охрид доби нова директорка.
Како претседател на бордот предложен од СДСМ во Јавното Претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Исени со задоволство за Весникот Лајм ја споделил информацијата за разрешување на 11 директори на ВМРО-ДПМНЕ и именување на нови директори, каде што потенцираше и именувањето на директорка Албанка во Охрид после 11 години, пренесува порталот Курир.мк.
-Денеска имав особена чест, со еден потпис да разрешам 11 директори на ВМРО и да именувам 11 директори на СДСМ. Имав чест и да ја потпишам одлуката на именување на Албанката од Охрид, госпоѓата Јехона Сулејмани за директорка. После 11 години Охрид ќе има директорка Албанка. Без пречки од СДСМ дозволија да ја унапредам оваа госпоѓа. Честитки, рече Исени.
