Дивите саморастечки билки се храна и лек

Дали знаете што е тоа тушт? Тој е најраспростанетиот досаден корен низ светот, но дека е здрав и дека се јаде никој не знае…..

 

Кога зборуваме за здрав живот и за здрава храна, секако треба да ги споменеме и да се едуцираме што повеке за дивите саморастечки билки кои ги има насекаде околу нас. Поголемиот дел од нив се многу лековити, пребогати со нутриенти и бесплатни се. 

Наближува пролетта и скоро во секој двор ќе порасне тушт во бавча. Туштот е една од најраспространетите билки на светот и се смета за коров. Најчесто расте во обработуваните земјени површини помеѓу останатиот зеленчук кој го одгледуваме. Луѓето  не се запознаени со вистинската вредност на оваа билка, ја сметаат за еден од најупорните и најдосадните корови, па ја корнат и ја фрлаат, а многу често ја користат и за прехрана на домашните животни.

 

Туштот е една огромна ризница на омега-3 масни киселини, ги содржи повеке и од лененото семе. Покрај нив, полн е и со витамин C, A, Б и Е. Содржи железо, магнезиум, калиум, манган, фосфор и калциум, листовите содржат и до 95% вода. Одлична храна е за деца. Може да се јаде жив во салати, во сокови, но и да се готви, да се додава во чорби и супи и да се динста со друг зеленчук. Листовите му се сочни, има неутрален, малку киселкаст вкус и лесно се прилагодува во разни комбинации. Истражувајки низ интернет сретнав и информација дека може да се кисели за зимница.

Здравјето на дланка 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани