Во рамките на проектот „Од 20 до 20 – Сите во Охрид“ остануваат уште некоку итересни настани до Водици, односно до Денот на рибарите.
Изложба на отворено на фотографии од Охрид во голем формат ќе биде свечено отворена во четврток, 18 ти јануари во 12 30 на платото на малиот плоштад кај поранешната Библиотека. Претходно, во 12 часот на посебно прилагодениот простор позади споменикот на Свети Климент на Грдаскиот плоштад ќе започне фестивалот на графити и модерна уметност. Првата трка со келнери наместо на 17ти, се одложува за на 19 јануари, заради временските прилики. Потоа следува голем концерт на битолската група Фолтин на Богојавление Водици.