Нов закон за урбано зеленило

Најмалку 20 отсто зелена површина треба да има секоја градежна парцела.

Ова се предвидува со Законот за урбано зеленило, усвоен вчера во Собранието.
Во законот стои дека секоја општина има обврска за изработка на зелен катастар, односно попис на целото зеленило, по број, вид и состојба, а внесен е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител, за сите идни Генерални урбанистички планови. Законот предвидува и најмалку 20 отсто зелена површина на секоја градежна парцела, а во веќе изградени блокови се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади.
Законот ги обврзува сите физички и правни лица кои имаат зелени површини редовно да го одржуваат зеленило, а воедно се  заштитува и веќе постоечкото зеленило, односно се става крај на непланското сечење на дрва и уништување на зеленилото за градби.
Законот предвидува и казни доколку не се почитува. Доколку правното лице редовно не го одржува зеленилото ќе му се изрече глоба од 500 до 1.000 евра, а за граѓаните кои нема да се грижат за зеленилото во нивниот двор казната е 50 евра. Глоба во износ од 2.000 до 5.000 евра во ќе му се изрече на правното лице носител на лиценца за изработка на урбанистички планови ако изработи детален урбанистички план и архитектонско урбанистички проект кој нема да ги задоволува одредбите предвидени со Законот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани