Денеска во Скопје пристигнуваат Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и комесарот Хан.
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во придружба на комесарот за проширување Јоханес Хан, денеска доаѓаат во Скопје, во рамките на балканска турнеја што ја отпочнуваат со посета на Македонија.Посетата во регионот е во врска со Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.Предвидено е, Јункер да се сретне со премиерот Зоран Заев и макеоднскиот државен врв а потоа делегацијата на Владата ќе одржи и пленарна средба со делегацијата на ЕУ.По средбите, се очекува заедничка прес конференција на Заев и Јункер.
Неодамна еврокомесарот Хан изјави дека ЕК најверојатно до ова лето ќе им предложи на земјите – членки да отпочнат пристапни преговори со Македонија и Албанија.
