Доаѓаат нови цени на горивата

Регулаторна денеска ќе објави нови цени на горивата.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе кои ќе важат од полноќ и ќе се на сила сѐ до следниот понеделник. Минатата недела со одлука на Регулаторна, цените на нафтените деривати се зголемија во прoсек за 1,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 17.02.2020 година. Од 25.02.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 ден/лит и сега изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,425 ден/кг и изнесува 33,565 ден/кг.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани