Доделени сертификатите на новите капетани, бродари и морнари

Во пресрет на туристичката сезона, Охрид доби нови капетани и морнари, кои успешно ги положија испитите за стекнување звања во внатрешната пловидба во јануари.

На свечен настан денес им беа доделени сертификати на новите заповедници на брод и морнари, со што официјално ќе се потврди нивната подготвеност за безбедно управување со пловни објекти на Охридското Езеро.

Со овој процес дополнително се зајакнува безбедноста и професионалноста во езерскиот сообраќај, особено во период кога се очекува зголемен број туристи и поинтензивна пловидба. Новите капетани и морнари се стекнаа со потребните знаења и практични вештини, вклучувајќи управување со пловни објекти, почитување на пловидбените правила и грижа за безбедноста на патниците.

„Денеска, повод на овој настан, после 21 година се одржа полагање во Р. Македонија, каде што ГИОС имаше полагање за стручни звања за брод. Ова полагање не беше одржано 21 година, а нашите граѓани патуваа во соседните држави за да се стекнат со соодветно звање. Исто така, сакам да потенцирам дека набавен е нов глисер за инспекциската служба во Капетанијата на пристаништа, во вредност од 5 милиони денари, како и ископ на пристаништето во Охрид и ископ на пристаништето во Св. Наум. Исто така, сакам да потенцирам дека во наредната туристичка сезона ќе имаме поголем обем на инспекциски надзор.“, изјави Илија Арнаудоски капетан во Капетанија на пристаништа.

Покрај доделувањето на сертификатите, беше  извршена и промоција на новиот  глисер на Капетанија на пристаништа, кој ќе придонесе за подобра контрола и зголемена безбедност на езерото.


-Да ги стимулираме сите кои што сакаат да се занимаваат со оваа работа да дојдат, да полагаат со цел да може да се регулира пловниот сообраќај во државата и да имаме едно повисоко ниво на безбедност. А исто така ќе продолжиме и со инвестициите кои што ги правиме заеднички со Капетанијата. По подолго време се случи расчистување на двете пристаништа, се набавија нови пловила, а во моментов имаме јавен повик за ново одржување на пристаништето во Св. Наум., истакна министерот за транспорт Александар Николоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани