Донации за охридските пожарникари

Градоначалникот на Охрид, Д-р Јован Стојаноски, денеска во просториите на Територијалната противпожарна единица од Охрид присуствуваше на доделување на  специјализирана опрема, заштитни шлемови, одела и чизми за охридските пожарникари.

Станува збор за донација на Противпожарната единица  „Doetinchem“ од Холандија и  Црвен крст од  Охрид како дел од активностите насочени кон меѓународна соработка со институции и организации со сродни дејности.Територијалната противпожарната единица од Охрид, вчера во присуство на градоначалникот д-р  Стојаноски,  на подарок доби и   10 ќебиња и 10 душеци од социјалното друштво „Св. Наум – Охридски“ од Мелбурн- Австралија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани