Во пресрет на летото кога се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор, а со цел да не се повторни состојбата од лани, со големите пожари, кои беснееа во НП Галичица и на Илинска планина, во охридскиот регион силно се работи на превенција. Фокусот е ставен на волонтерските доброволни противпожарни друштва.
Околу 120 доброволци пожарникари изминатиот период се обучени за делување при пожари на отворено, а друштвото Ентузијаст доби донација противпожарно возило од Австрија.
– Поподготвени дефинитивно мегутоа за такви пожари сепак е набитно теренското гасење, важна е и поддршката од воздух. Еве напредуваме со доброволните друштва како додаток на она што го имаме како ТПП Е Охрид, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.
– Многу е битно да се обрне внимание на луѓе кои би се вклучиле во таа активност како и во други држави да се сертифицирани да имаат сертификат и обучени да може да се справуваат со адекватна опрема со адекватна обука, вели одговорен за пожари при НП Галичица.
Доброволните друштва, располагаат со опрема, но нив им е потребна поголема финансиска поддршка, министерот за внатрешни работи вели се размислува во таа насока.
-Се судруваме со проблеми друштвото стана гломазнои одржувањето бара напори во однос на финансиски средтсва не е толку еднсотавно. Еден камион регистрација кај нас е преку 20 000 ден.. друштво „Еко Фап“.
– Размислуваме и во тој дел сметам дека треба да имаме реорганизација и во тој дел еве конкретно со амбасадорот разменивме закоснко репшение кое е имплементирано во Австрија се рзгледуваат и други концепти ќе одбереме максимално соодветно решение, рече министерот Панче Тошковски.
-Доброволците нешто добиваат има државен систем со хиерархија има покраински командири државата секако ги помага , ели Мартин Памер амбасадор на Австрија.
Надлежните велат оваа сезона се зајакнати капацитетите, поподготвено ќе се справуваат со шуските пожари, на критичните места во планините ќе бидат поставени цистерни за побрза интервенција.




