Ефто Стојаноски, познатиот дресер на кучиња од Охрид направи програма за заштита на луѓето од кучешки напади.
Предлог програмата за „Заштита на луѓето од кучешки напади“ ќе биде предложена до Владата на Р Македонија.
Со оваа програма според Стојаноски многу подобро ќе се заштитат и малите деца и бебиња, а истовремено ќе се заштитат и домашните животни и другите кучиња.
-„Колку подобра заштита на луѓето од кучешки напади толку подобра заштита и на самите кучиња од масовни труења и убивања“, вели Стојаноски.
Презентацијата на програмата ќе се одржи во сабота во големата сала на општина Охрид. Ќе биде од отворен тип и на неа може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе имаат можнот да поставуваат и прашања.
