Дури 45% од охриѓани незадоволни од Бакрачески

45 % од граѓаните на Охрид се делумно или многу незадоволни од работата на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во изминативе четири години.

Ова го покажа последната анкета на ИРИ, според која на престојните избори поголема доверба има ВМРО ДПМНЕ во однос на СДСМ. Само 12 % од охриѓани се задоволни од работата на локалната самоуправа. 

Во однос на  информираноста на граѓаните на Охрид за работата на градоначалникот на Охрид и  покрај големиот дел финансиски средства кои селективно завршија во дел од охридските медиуми  сепак само 12% од граѓаните се добро информирани за тоа што работел градоначалникот наспроти 40% кои не знаат и само 8% знаеле што работи локалната, наспроти огромни 53% кои не знаеле што работи истата изминативе 4 години.

Слични е незадоволството и од работата на градскиот совет . Дури 42% од испитаниците се незадоволни од работата на охридските советници.

Според анкетата на ИРИ поголема доверба сепак има ВМРО ДПМНЕ.  20% од испитаниците кажале дека  гласот ќе го дадат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека 17% за кандидатот на СДСМ. Кај советничките листи, бројките се скоро идентични, со разлика што за СДСМ би гласале 18%, наспроти 20% за листата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани