Две повозрасни жени во два одделни случаи биле нападнати од кучиња.
На 15.10.2024 во 10.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Л.М.(73) од охридското село Велгошти на локален пат во селото била касната од куче скитник. Додека на истиот ден во 15.00 часот, на локален пат во селото Слатино, општина Дебрца, С.С.(73) од истото село, била нападната и касната од три овчарски кучиња, сопственост на Д.К. од Слатино.