Двојно повисоки субвенции за туристичка такса

Измени во субвенционирањето на станоиздавачите во Охрид.

Наместо , 50 проценти, од идната година станоиздвачите ќе добиваат 100 процентно субвенционирање од уплатената туристичка такса. Услов за поврат е тие пари да ги реинвестираат во подобрување на сместувачките капацитети.

Со оваа мерка ќе се придонесе за подигнување на квалитетот во приватните вили и апартмани во главниот туристички центар.

– „При тоа ќе биде формирана Комисија која за сите кои ќе аплицираат за субвенционирање на туристичката такса ќе треба да излезе на терен 02 06 Да се провери колкав е износот на уплатената такса, да се донесе одлука за износот и ситите тие средства односно износот на таа сума треба да биде реинсвестиран во сместувачкиот капацитет кој мора да биде регистриран “, вели Гоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.

Досега приватните станоиздавачи ги добиваа субвенциите без да исполнуваат посебни критеруими, но сега ќе мора наменски да инвестираат.

– „ По доставуавње на финансискиот извештај поткрепен со финансиски документи фактури фискални итн, Комисијата ќе ги констатира наведените промени и потоа ќе биде исплатен износот “ , додава Апостолов.

Во регистерот на општината се евидентирани 3300 станоиздавачи од мал обем, а годишно им се уплатувале околу 500.000 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани