Денес, првачињата од училиштето „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот.
Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност.
.jpg)
Детската претстава која беше изведена во нашето училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД –Скопје, а се реализира во соработка со Министерството за внатрешни рабпти на Република Македонија. Во рамките на оваа кампања во нашето училиште беа донирани и: сообраќајно игралиште –полигон за основни училишта, како и сообраќајни боенки.
.jpg)
