Лице со епилепсија утрово предизвикало тешка сообраќајка во Струга.
Како што дознава Охриднет.ком средовечен маж при напад од епилепскија додека управувал со автомобил изгубил контрола и удрил во велосипедист, кој го нагмечил во комбе. Сообраќајката се случила на главната сообраќајница во градот во близина на старата Противпожарната единица.
На лице место дошла Брза помош и интервенирала. За среќа велосипедистот поминал со полесни повреди.
Граѓаните апелираат , да се зајакне контролата при давање лекарски уверенија за возачка дозвола.
-„Апелираме да се зајакне контролата од страна на МВР, но и од страна на надлежните кои ги издаваат лекрските уверенија за стекнување со право за управување на моторно возило бидејќи ова не е прв пат да се случи сообраќајна незгода предизвикана од страна на лице со хронично заболување поради кое не би требело да управува со моторни возила“, апелира Васко Јолески од Каприкорн Струга.
