Еразмус проект: По стапките на Филип и Александар Македонски

Домаќин на втората мобилност  на Еразмус проектот ,,Europe: We are the colors of the rainbow” 2024-ES-KA210-SCH-E684DA4A, беше ЕПАЛ Сикеон,  средно стручно училиште од Солун. Нашите соседи се покажаа како љубезни и гостопримливи, а нашите традиции многу блиски.

Во овој проект за културното наследство и УНЕСКО вредностите, покрај Македонија, учествуваат Шпанија, Италија, Грција и Турција, а во богатата програма учество зедоа ученички од четврта година, Лина Боцеска, Ѓорѓина Нанушеска и Лидија Танушеска, во придружба на психолог Алберта Гулицовска и проф. Славка Јанеска. Покрај активностите од ликовната уметност – декорација на торби и музичка уметност – фолкорни танци, работилницата за циркуларна економија, меѓусебно запознавање и зближување на тимовите се одвиваше во текот на  посетите на најважните археолошки локалитети од тогашниот антички свет и нивните богати музејски поставки, древните македонски престолнини Пела, родното место на големиот Александар и Вергина со кралските гробници на Филип II и другите членови на фамилијата, потоа Вериа, Воден со водопадите и блиските термални бањи Лутраки, како и стариот дел на Солун , Ано Поли, високо на брдото над морето во придружба на професионален туристички водич, девојка која историјата на градот ни ја интерпретираше низ интересен пристап, така да овој пат градот го доживеавме на сосема друг, возбудлив начин.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани