Струшката полиција полека но сигурно ги лови крадците низ градот.
Фатен е уште еден крадец во Струга што бил вешт во занаетот и како заслуга добил кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (29) од Струга.
-Пријавениот, кривичните дела ги сторил на крајот на март и почетокот на април во автомобил, хотел и деловна просторија. Тој со употреба на сила влегувал во објектите и одзел пари, акумулатори и фискални апарати. На тој начин Т.Н. причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од околу 34.000 денари, изјавии Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
