Фатени се разбојници што користеле солзавец и ограбувале

Тројката разбојници добија кривична пријава од струшката полиција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.А.(40) од село Бузалково-велешко, Ј.З. (45) од село Кочилари-Градско и Ф.И.(35) од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “разбојништво“.Имено на 27.08. годинава во 14,20 часот во Струга на улицата “Битолски Конгрес“ пријавените со употреба на физичка сила и спреј – солзавец извршиле разбојништво над Д.З.(26) од Прилеп, при што му одзеле ранец во кој имало 8.800.000 денари, а потоа со патничко возило „Фолксваген Голф 3“ заминале во непознат правец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани