„Фибула ер травел“ најдобра туристичка агенција

Четирите награди за најдобра туристичка агенција, се уште еден доказ дека „Фибула“ едноставно е на врвот.

По повод денот на туризмот,министерството за економија на Република Македонија додели 4 награди за „Фибула ер травел“ како најдобра туристичка агенција,најдобра “incoming” агенција,најдобра “outgoing” агенција а награда за најдобар спа хотел во Македонија доби Hotel Izgrev Spa & Aquapark. Овие престижни награди, несомнено се уште еден доказ за професионалноста на агенцијата и потврда за довербата што „Фибула“ја има кај домашните но и кај странските партнерски тур оператори.
-Ова е големо признание за нас и огромен поттик за уште поголемо ангажирање на полето на туризмот, развојот на туризмот во Република Македонија и афирмација на македонскиот туристички потенцијал во светот, смета Асим Меџедовиќ менаџер на „Фибула ер травел“.
Години со ред, „Фибула ер травел“ врши исклучително атрактивни и сеопфатни презентации на македонскиот туристички потенцијал на светскиот туристички пазар. Меџедович-искусниот туристички менаџер, задоволно кажува дека „Фибула“ посветено работи на промовирањето на Македонија како атрактивна туристичка дестинација а посебно на Охрид и Струга како бисери на Охридското езеро и на овој дел од Балканот.Напоменува дека мора постојано да сме фокусирани на подобрувањето на квалитетот на услугите кое, заедно со традиционалното гостопримство на нашиот народ, значително ќе ја подигнеме нашата квалитетна услуга и понуда, ќе бидеме уште попрепознатливи пред туристите од светот. Тоа посебно позитивно ќе не двои од останатите дестинации, и ќе бидеме туристички и уникатен препознатлив бренд“, објаснува Меџедовиќ. Додава дека отворањето на македонскиот туристички пазар и промоциите на македонскиот туризам кон голем број туристички дестинации, е исклучително позитивен и значаен чекор за унапредување на туристичките можности и капацитети на земјата. Меџедовиќ смета дека големо влијание за тоа имаат досега преземените мерки посебно субвенционирањето на нискобуџетни авиокомпании и новите чартер линии од Охридскиот аеродром.
„Државата има слух за поддршка на домашните и странските тур оператори за маркетиншка промоција и субвенции, што е огромен фактор за развој и напредок на туризмот“, вели Меџедовиќ.
Во туристичката фела Асим Меџедовиќ важи за исклучително енергичен и искусен туристички работник, врвен професионалец и борец што посветено работи на промовирањето на Македонија како атрактивна туристичка дестинација а посебно на Охрид и Струга како бисери на Охридското езеро на Балканот и во светот воопшто.Неуморен е во заложбите за поставување повисоки професионални стандарди во агенциското и хотелско-туристичкото работење.
-Посветено работиме на целосно претставување на македонската туристичка понуда како атрактивна балканска и европска туристичка дестинација а посебно на охридско-струшкото крајбрежје и потенцијалите на двата крајезерски града. Нашите туристички богатства се неисцрпни па оттука насочени сме кон достојна промоција езерскиот туризам, на хотелите распослани по целото крајбрежје, на атрактивните аранжмани, на можностите за дополнителни туристички тури во земјата и соседните држави значи да гоповрзуваме регионот, на домашното културно наследство, на еко и руралниот туризам, ја нагласуваме традиционалната кујна и љубезноста на нашиот народ. Со еден збор, сакаме да создаваме приказна и нов заеднички производ, што ќе го нудиме пред светот, нагласува менаџетот Меџедовиќ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани