Финансиска поддршка за деца со тешка попреченост во училишна возраст

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ . Општина Охрид за буџетската 2025 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови. Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За оваа намена во буџетот на општина Охрид за 2025 година се предвидени 166.665,00 денари. 1. Услови кои лицата треба да ги исполнуваат: – да се жители на Општина Охрид, во училишна возраст; – да се пациенти со најтешка форма на попреченост категоризирани со наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфични потреби, издадено од страна на центрите или други институции кои го утврдуваат тоа; – да не се корисници на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид;

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани