Полициски службеници од СВР Охрид на 25 мај 2026 година извршиле службен разговор со 40-годишниот А.П. од Охрид, по претходна пријава дека истиот ден околу 10:05 часот, поради нерешени имотно-правни односи, влегол во домот на 64-годишната А.У. од Охрид, каде физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Од друга страна, А.П. во 13:15 часот во СВР Охрид пријавил дека околу 10:15 часот, по претходно недоразбирање поврзано со имотно-правни односи, во домот на А.У. му биле упатувани закани од неа и нејзините две сестри. Според неговата пријава, тие го туркале и не му дозволувале да го напушти домот.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
