Физичка пресметка помеѓу четворица охриѓани.
На 21.08.2024 во 16.47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(74), Е.Д.(26), И.Д. (69) и Н.Ж.(72), сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.