Физички ја нападнал вонбрачната партнерка во охридско село – ќе следува пријава

На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, по претходна пријава за семејно насилство.

Според пријавата, околу 13:30 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал својата 27-годишна вонбрачна партнерка.

По целосно документирање на случајот, од полицијата информираат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани