На 18.03.2026 година во 02:35 часот, во населбата Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Ј.М. (31) од Скопје и С.К. (30) од Охрид.
Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улицата „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С. (52) од Охрид.
В.М. (41) од Охрид успеала да го заштити нападнатиот, но откако двајцата влегле во нејзиниот стан, напаѓачите повторно го нападнале. Притоа употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Напаѓачите го напуштиле станот откако В.М. повикала полиција, по што оштетениот забележал дека од неговиот паричник недостасуваат пари и личен накит.
Двајцата осомничени се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
