Познат е составот на комисијата за доделување на наградата „Патрон на градот-Св.Климент Охридски“.
Градоначалникот Д-р Јован Стојаноски,формира стручна комисија која треба да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши рангирање и да му достави предлог за доделување на наградата „ Патрон на градот- Св.Климент Охридски“.Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02) член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл.гласник на Општина Охрид бр.8/07 и 1/08) и член 17 од Одлуката на Советот на Општина Охрид за доделување на општински награди и признанија, градоначалникот на Општина Охрид донесе решение за формирање стручна комисија во следниот состав:
Живка Ангелоска – претседател, Елеонора Куноска, Д – р Павле Митрески, Нина Момироска, Славко Упевче, Владо Жура и Симон Илиески.
Согласно одредбите од член 17 од Одлуката на Советот на Општина Охрид за доделување на општински награди и признанија, Стручната комисијата има обврска да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши нивно рангирање и да достави предлог до градоначалникот на Општина Охрид за доделување на наградата „Патрон на градот – Св.Климент Охридски“.