ФОТО: Мртва јагула на охридскиот кеј

Оваа фотографија, на која се гледа мртва јагула исфрлена на градскиот кеј ја објави доктор Здравко Чорбески утрово на социјалната мрежа Фејсбук. 

 

Фотографијата предизвика бројни реакции. Гоем дел од граѓаните сметаат дека мртвата јагула е резултат на ниското ниво на Охридското езеро, кое подолг временски период е до нултата кота или на само десетина сантиметри од миниманлната дозволена кота. 

Медиумите, јавноста и дел од еколозите подолг период наназад секојдневно алармираат за состојбата со нивото на  Охридското езеро. Од ЕЛЕМ велат не се произведува електрична енергија, туку нивото е намалено заради сушниот период. 

Инаку  години наназад се зборува дека ќе се обнови природниот пат на јагулата до Саргасово море, но до денес тоа не се случи. 

Природниот, мистериозен пат  долг 7400 километри за оплодување на овој вид риба,  е прекинат со изградбата на браните на Црн  Дрим во шееесетите години од минатиот век.

Јагулата веќе половина век угинува во турбините на ходроелектраните,  а Охридското езеро се порибува на вештачки начин. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани