Кога ќе ја видите блескавата куќа на Гигерови во населбата Црногорци во Охрид ќе помислите дека сигурно ова е домот на Дедо Мраз.
Илјадници сијалички, новогодишни реквизити, прекрасни лампиони, Дедо Мразовци, снешковци, ирваси и ѕвезди белскаат во сите бои.
Глетката волшебна! Секој кој поминува застанува да се восхитува. Гигерови велат китењето им одзема многу време и енергија но тие уживаат.
-„За оваа година тоа ни беше најбрзо бидејќи веќе сме испраксирани, осум дена ни требаа за китење, поставуање, струја и се. Прво ќе кажам дека имаме околу 140 фигури. На сијаличките не им го знам бројот, повеќето се донесени од Швајцарија, понекогаш носиме ние и децата, а најголем број ги имаме изработено јас и мојот сопруг, купуваме материјал и се што треба и од метал испаѓа најубавата фигура“, вели Иванка Гигер за Охриднет.ком.
Таа и нејзиниот сопруг, кој е швајцарец живеат сами. Децата им живеат швајцарија имаат и внучиња, кои кога доааат за празниците уживаат во празничната светлина.
Бруно е вљубен во Охрид. Во климата, во езерото и сиот сјај на мирниот Охрид.
-„Тие луѓе што доаѓаат на сите им се допаѓа и оние кои не виделе и на телевизија изразуваат желба да дојдат да видат што имаме направено“., вели Бруно Гигер за Охриднет.
Семејството Гигер неколку пати добиле награда за најубаво украсен двор во Охрид. Парите ги донираат на деца или семејства на кои им се потребни.
Уживајте во празничната магија кај Гигерови
ФОТОГРАФИИ:
„За оваа година тоа ни беше најбрзо бидејќи веќе сме испраксирани, осум дена ни треба за китење, поставуање, струја и се. Прво ќе кажам дека имаме околу 140 фигури. На сијаличките не им го знам бројот, повеќето се донесени од Швајцарија, понекогаш носиме ние и децата, а најголем број ги имаме изработено јас и мојот сопруг, купуваме материјал и се што треба и од метал испаѓа најубавата фигура“.